Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Обновениот Volvo C70 порано од очекуваното
02.09.2009
volvo-c70-2010-1.jpgVolvo го обнови С70 и планираше премиерно да го претстави во Франкфурт, но ништо од изненадувањето. Пресретнатите фотографии наменети за дилерската мрежа прерано се појавија на интернет.

Моделот за 2010 како што наведуваат од Volvo е комплетно модернизиран, а највпечатливите новини се на предниот и задниот дел каде се забележуваат комплетно нови дизајнерски детали.

Кабриолетот со метален склоплив кров и четири места за седење сега во предниот дел го носи стилот на S60 концепт којшто беше претставен во јануари на салонот во Детроит.

Новиот повпечатлив релјефен преден браник, новите развлечени предни светла и пониската и поширока маска карактеристична за Volvo, го прават С70 далеку попривлечен и помодерен додавајќи му и доза агресивност.

Нов поиспакнат браник се забележува во задниот дел кој се претопува во задните светилки кои сега носат LED технологија. Поголеми и повпечатливи букви со кои е испишано името на производителот му даваат дополнителн шмек на задникот.

И додека однадвор измените паѓаат в очи одзади нема ништо ново. Освен пресретнатите фотографии за обновениот С70 од Volvo не откриваат ништо ниту на своите дилери.

Не се знае дали со измените е опфатено само подигнувањето на визуелниот идентитет на автомобилот, или пак, се направени одредени подобрувања во механиката, моторите и подвозјето.

Големите новини за С70 ќе ги дознаеме во Франкфурт, а првите примероци ќе пристигнат во продажните салони ширум Европа кон крајот на годината.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook