Ајде да го погледнеме работите во перспектива. Caparo
T1 тежи 550 килограми додека во средина носи 3.5 литарски V8 кој
произведува моќни 575 коњски сили. Тоа се 1.045 КС по тон.
Дури и мотоциклите едвај да можат да ја надминаат оваа
граница, па и Bugatti Veyron останува засрамен со ниски 506 коњски
сили по тон. Тука Caparo T1 добива епски пропорции и најубавото, се наоѓа во завршна
фаза на развој.
Развој е клучниот збор во последната реченица, бидејќи T1 е
очигледен пример за што се е способен Caparo. Техничките податоци говорат
дека T1 стига до 100 за 2,5 секунди, ја урива границата од 160 km/h за помалку
од 5 секунди и остварува 575 КС при 10.500 врт/мин и вртежен момент од 420 Nm при 9.000
вртежи.
Инженерите на T1 тврдат дека сеуште не го
искористиле комплетниот потенцијал на моторот и дека под полно оптоварување
нивниот V8 може да се сврти до 17.000 врт/мин без да се накалшла.
Подеднакво импресивен е и податокот за сопирачките. На Т1
од 160 km/h до нула му е потребно помалку време отколку за
забрзување. Точно 3,5 секунди.
Најубавото доаѓа на крај. Во Т1 не мора да уживате сами.
Може да ја поведете и својата понежна половина. Која во случајов седи лево од
вас и малку назад и има убав поглед на она што се случува на пат и вашата борба
со воланот, менувачот и педалите.
Главното прашање е: кој ќе се
забавува повеќе?

|