Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Очекуваме Panamera Combi, или?
27.08.2009
porsche-panamera-combi-1.jpgНе. Нема ништо од комби верзија на спортскиот седан на Porsche гласеше првичната информација во која стануваше збор за шега на фановите на Porsche кои негодуваат заради алијансата со Volkswagen.

Компјутерски генерираните фотографии на Panamera Combi се дело на некој непознат графички дизајнер преку кои изразува протест на бракот меѓу Porsche и VW од кој според него нема да произлезе ништо добро за легендарниот производител на спортски автомобил.

Но, она што на почетокот беше замислено како шега стана сурова реалност откако шефот на Volkswagen, Мартин Винтеркорн откри дека иднината на Porsche ќе му донесе и еден комби.

Автомобилот нема да изгледа вака како што го замислил непознатиот дизајнер, но тоа е уште пострашен удар за љубителите на марката бидејќи Винтеркорн најава дека Porsche ќе треба да почне со помасовно производство на автомобили по пониски цени кои драстично би ја зголемиле продажбата.

Винтеркорн дури истакнува дека тоа би требало да бидат спортски модели кои се поевтини од Boxter, малечок SUV на пример Porsche верзија на постоечкиот VW Tiguan и нова модификација на Panamera.    

Сето ова, иако тој не сака, се подудара со идејата на креаторот на фотографиите во која Panamera стои како најбрзиот комби на планетата кој нуди многу простор за патниците и многу простор за нивниот багаж.

Комбинација која привлекува купувачи. А тоа е токму целта на Винтеркорн. Сето ова немора да значи дека иднината на Porsche е уништена.

Да се потсетиме само на реакциите на фановите на Porsche по претставувањето на Cayenne, a сепак првиот теренец во историјата на марката се покажа како златна кокошка.

Значи иднината на Porsche може да му донесе уште поголем успех, дури и ако тој доаѓа во форма на Panamera Combi.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook