|
24.09.2007 |
Honda Civic Mugen RR која ќе биде
изработена во 300 примероци е распродадена за 10 минути по стартот на
продажбата. Очигледно е дека јапонците се одушевени од креацијата на Mugen.
Љубителите на патеки без двоумење ги одврзале своит кесиња
и изброиле по 4.7 милиони јени или околу 30.000 евра по примерок од оваа
тркачка машини наменета за на улица.
На 14 септември во 9 часот по локално време работилницата
почна да прима резервации за својот најнов автомобил. Веќе во 9 часот и 10
минути целата едиција била разпродадена информира јапонската интернет страна за
мотоентузијасти Carview.
Среќниците кои успеаја да си обезбедат еден ваков Mugen
RR на време добија полесна и помоќна верзија од тјунираниот за на патека Civic
Type R која во вистински раце може да ја сврти јапонската патека Тсукуба за време
1:06:38. Барем толку успеале да постигнат експертите од Mugen.
Сигурни сме дека некои од сопствениците ќе се обидат да
го соборат ова време кога ќе седнат зад воланот на својот редок Mugen
RR.
|