Баварскиот производител ја разгледува можност да започне
со производство на комплетно нов супер спортски автомобил кој треба да го
оживее сеќавањето на М1.
Се очекува овој супер спортист на BMW да се
појави на пазарот во следните три до четири години и, како и неговиот далечен
предок М1 кој се произведуваше од 1978 до 1981, да носи мотор поставен централно
во шасијата.
Новиот автомобил кој сеуште нема име ќе го задвижува 3.0
литарскиот шест цилиндричен бензинец на BMW опремен со
два трубо полначи. Секако моторот ќе биде посебно доработен пред да го
завземе местото во идниот спортист на BMW , но засега нема
ништо околу техничките карактеристики.
Во BMW очекуваат дека токму новиот автомобил ќе биде директен
конкурент на Audi R8, но и на исто така идниот спортист на Mercedes,
моделот SLC.
Се очекува наследникот на М1 да се појави на пазарот дури
во 2012.
Покрај суперспортистот, BMW најавува и
враќање на Серија 8. Всушност станува збор за купе со четири врати кое исто
така ќе биде развивано од страна на спортскиот оддел М.
За овој модел се знае дека под хаубата ќе работи V12 со
зафатнина од 6.0 литри развиен врз основата на одличниот V10 кој работи
во М5. Во игра е и V8 битурбо што значи дека идната Серија 8 ќе се нуди во две
верзии, а на пазарот треба да се појави во 2010.
|