|
На 30 ноември требаше да се одржи затворена церемонија на која Alfa Romeo официјално ќе и го претставеше својот нов модел Milano, наследник на 147 кој конечно заминува во заслужена пензија.

Замислата беше убава, но не се оствари. Презентацијата е одложена на неопределено време заради протести на вработените во погоните на Fiat во Милано.
Запослените во погоните на Fiat во Милано се кренаа на протести заради воведувањето на реформи и преструктуирање на компанијата што директно ги засега работниците бидејќи голем дел од нив ќе завршат на улица.
Се очекува протестите да завршат за Alfa да го претстави наследникот на 147 што побрзо. Најмногу заради шпекулациите околу името на новиот компакт за кого покрај името Milano во игра е и ознаката 149 и името Giulietta.
Светската премиера пред пошироката јавност новата Alfa ќе ја доживее на салонот во Женева во март следната година, а продажбата ќе стартува во април.
Дизајнот на новата Alfa е дело на дизајнерите на Centro Stile Alfa Romeo. Компактот во должина мери 4.350 mm, широк е 1.800 mm и висок е 1.460 mm. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.630 mm.
Димензиите говорат дека Milano е подолг и поширок од 147, a ќе има и поголема моторна понуда. На почеток на располагање ќе бидат четири турбо мотори. Два бензинци и два дизели.
Станува збор за 1.4 литарските турбо бензинци од кои помоќниот е опремен со новиот систем на Fiat, Multiair. Бензинците остваруваат 120 и 170 КС, додека дизелите 1.6 и 2.0 Mjet остваруваат 105 и 170 КС.
Малку подоцна по стартот на продажбата ќе се појави и спортската верзија на Milano, Quadrofoglio Verde, или детелина со четири листови. Кај овој модел под хаубата ќе работи новиот 1.7 литарски турбо бензинец.
Моторот ќе опстварува максимална моќност од 235 КС што ниту од далеку не е за потценување. Подетални информации за Alfa Romeo Milano очекуваме во деновите што доаѓаат.
|