Get Adobe Flash player
Одложена премиерата на новиот Civic
18.05.2010

Honda нерадо во најновот официјално соопштение на компанијата објаснува дека е принудена да ја одложи премиерата и комерцијализацијата на новата генерација на својот компакт од семејството Civic.

honda-civic-type-r-2010-1

Новиот Civic нема да се појави пред светската јавност на есен на салонот во Париз и нејзината продажбата нема да стартува кон крајот на годината. Датумите се поместени и сето ова ќе се случува во текот на следната година.

Одложувањето на премиерата на новиот Civic се должи на потребите за доработка на автомобилот предизвикани од менувањето на пазарните услови кои пред се се донесуваат на новите еколошки и безбедносни норми.

Ако се гледа хронолошки, вели директорот на Honda за Северна Америка, Џон Мендел: „Ние не го менуваме пазарниот циклус на нашите модели и тој останува да биде 5 години, ние само правиме мали подобрувања на новиот модел за да може да ги издржи наведените 5 години без потреба од менување”.

Познато е дека новата генерација на Civic ќе биде поголема од актуелната и што е најважно и новиот Civic ќе го задржи својот посебен и препознатлив стил.

Познавачите на збиднувањата во автомобилската индустрија истакнуваат дека нема ништо невообичаено, уште помалку сомнително, во одложувањето на премиерата на автомобилот бидејќи заради кризата и токму смената на пазарните услови многу производители задоцнија со премиерите на своите нови модели.

Од Honda дополнително уверуваат дека само Civic ќе доживее одложување при своето појавување на пазарот, додека останатите модели ќе ги запазaт своите рокови.

Имено новата генерација на мекиот теренец CR-V ќе се појави веќе следната година, или точно 5 години по појавувањето на актуелната генерација во 2006.

А што се однесува до новиот Civic се шпекулира дека премиерата ќе биде на салонот во Женева, додека стартот на продажбата би бил кон средина на 2011.

 

 

 

Facebook