|
Веднаш откако беа објавени шпијунските фотографии направени од учесник на фотосесијата на која се снимаат рекламните материјали за новото Twingo, Renault побрза да објави официјална фотографија.

На неа не се гледа ништо повеќе отколку на уловените фотографии, но сепак квалитетот е значително поголем за да можат да се откриваат дизајнерските детали на предниот дел.
Renault наведува дека новиот Twingo е првиот сериски модел кој што го носи новиот дизајнерски печат на Renault. До сега тоа им беше препуштено на концептните возила.
Дизајнерите се посебно горди на предниот дел, односно на светлата кои се поделени во две групи кои се модерна интерпретација на светлата што го красеа оригиналниот модел, поточно првата генерација.
Стилски е изведен и новиот беџ на марката кој сега е развлечен вертикално и заради својата големина впечатливо паѓа во очи. Дизајнерите не сакаат ништо да говорат за задникот.
Но, без оглед на молкот во официјалното соопштение на Renault, јавноста успеа да го види задникот благодарение на шпијунските фотографии. Renault ја закажува премиерата за салонот во Франкфурт на 13 септември.
|