Get Adobe Flash player
Официјални фотоси од SLR McLaren Stirling Moss
22.12.2008
slr-stirling-moss.jpgСе појавија првите официјални фотографии од специјалната серија на Mercedes SLR McLaren наречена Stirling Moss која ќе се произведе во екстремно лимитирана серија.

Првичниот план родстерот да и биде претставен на светската јавност на салонот во Париз се изјалови. Затоа сигурно е дека автомобилот ќе се појави во Детроит веднаш по Нова година.

Од фотографиите се забележува дека родстерот SLR има дизајнерски елементи карактеристични за историскиот тркачки модел на Mercedes со кој легендарниот британски возач Стирлинг Мос палел и жарел на патеките во педесетите години од минатиот век.

Класичните линии испреплетени cо современиот дизајн на SLR, му даваат уникатен настап на родстерот кој претставува последна верзија на автомобилот кого Mercedes и McLaren го произведуваат заедно.

Двете компании се раздружуваат следната година и со нивното раздружување престанува производството на Mercedes McLaren SLR, додека производителот од Штудгарт се подготвува на пазарот да понуди сопствен супер спортски автомобил SLC Gullwing.

SLR Stirling Moss го задвижува 5.5 литарскиот V8 на Mercedes опремен со два турбо полначи кој остварува максимални 650 коњски сили, истиот се вградува и во кабриолетот SLR .

Од оваа специјална серија SLR McLaren Stirling Moss ќе бидат произведени само 75 примероци и секој од нив ќе чини 750.000 евра.

Комплетните технички детали ќе бидат објавени по претставувањето на 11 јануари 2009.


 

 

 

Facebook