Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Официјално BMW X6 SAC
16.12.2007
bmw-x6-sac.jpgБаварците на светот да му го прикажаа својот X6 Sport Activity Coupe. Од она што може да се види на официјалните фотографии сериската верзија е безмалку идентична со концептот од Франкфурт.

Значи серискиот X6 исто како и концептот ги задржува четирите седишта, петте врати, каросерија како купе и став на теренец. Она што е новост во однос на концептот е бензинецот V8 битурбо со директно вбризгување.

Моторот од 4.4 литри истискува 400 КС и максимален вртежен момент од 609 Nm. Можеби гладните по коњски сили ќе забележат дека моќноста и не е толку голема за еден битурбо V8 со толкава зафатнина, но кај овој мотор се мери максималниот вртежниот момент чиви 609 Nm се расположиви во дијапазонот од 1.800 до 4.500 вртежи.

Овој мотор го забрзува Х6 до 100 km/h за 5,3 секунди и го носи до електронски ограничени максимлани 250 km/h. Секако на располагање во Х6 е и веќе докажаниот 3.0 литарски битурбо бензинец со шест цилиндри во линија кој остварува 300 КС и максимлане вртежен момент од 406 Nm. Истиот мотор е познат од купето 335i. Покрај бензинците во BMW за Х6 подготвуваат и дизел.

Погонот на четири тркала на BMW, xDrive со електронска контрола на варијабилната дистрибуција на моќноста меѓу предната и задната оска ќе работи во сите верзии на Х6. Во нормални услови на возење хDrive ја распределува моќноста во сооднос 40 : 60 во корист на задната оска. Сензорите на системот постојано го мерат и доколку дојде до пролизгување овој сооднос го менуваат и го прилагодуваат според моменталните услови на возење.

На xDrive му помага и системот DPCDynamic Performance Control кој обезбедува варијалбилна дистрибуција на моќноста меѓу тркалата на задната оска. DPC има компјутерски контролиран диференцијал кој има два планетарни запчести подсклопови и две спојки кои му овозможуват на системот да го зголеми вртежниот момент на секое тркало на задната оска одделно.

За да го задржи имиџот на возило со високи перформанси Х6 има спортски волан, и палки за менување на степените кои обезбедуваат мануелно префрлање на степените на шест степениот автоматски менувач.

Каросеријата може да се нарача во десет различни бои, додека за внатре се предвидени 11 различни опции на кожа и три вида на опции за украсните детали што само по себе отвара можност за безброј комбинации и индивидуализација на автомобилот.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook