Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Официјално: Cruze со пет врати
06.09.2010

Chevrolet ги објави првите официјални фотографии од хечбек верзијата на Cruze со пет врати преку која ги најавува своите планови за зголемување на продажбата на пазарите на Стариот континент.

chevrolet-cruze-5-vrati-2010-1

Според шефовите на General Motors, воедно и на Chevrolet зголемувањето на продажбата е можно само зо зголемување на понудата односно бројот на модели што ќе се нудат во Западна и Источна Европа.

Cruze со пет врати ќе ја доживее светската премиера на претстојниот салон во Париз и со својот интересен и модерен дизајн ќе се обиде да освои што поголем пазарен колач во веќе пренатрпаниот сегмент каде владеат Golf, Astra, Focus, Megane, C4, Cee`d, Auris и еден куп други модели.

Меѓутоа продажбата на Cruze со пет врати нема да стартува веднаш по светската премиера на моделот. Од Chevrolet најавуваат дека автомобилот што ќе биде прикажан во Париз е само концепт, иако ако се суди според прикажаното на фотографиите се чини дека станува збор за сериска верзија.

Во споредба со актуелниот седан на Cruze новајлијата со пет врати, освен по сменетиот заден дел се разликува и по LED светлата за возење дење, ксенон предните светла и сините рамки околу предните проектори.

Cruze со пет врати е практично идентичен со седанот се до крајот на задните врати, но силуетата на автомобилот посебно во профил делува далеку подинамична со силно накосено задно стакло и нови задни светла со облик како бадем.

Од Chevrolet истакнуваат дека под силно накосеното задно стакло ќе се сокрива багажник со волумен поголем од 400 литри што е доволно за да ги задоволи семејните потреби.

Сериската верзија на Cruze со пет врати ќе биде подготвена за производство дури следната година и од Chevrolet ветуваат дека практично нема да има измени во однос на претставениот концепт.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook