Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Официјално Fiat 500 Abarth
18.02.2008
fiat-500-abarth-1.jpgВраќањето на марката Abarth е еден од највозбудливите моменти во историјата на автомобилизмот. По долгите најави Fiat конечно го претстави првиот од двата модели со шкорпија на носот.

Малечкото жешко автомобилче од Fiat ќе биде претставено на салонот во Женева, а ќе биде придружувано од уште еден модел оличен со беџот на Abarth, Grande Punto.

За да се разликува од останатите модели во гамата Abarth 500 има спортски аеродинамичен кит со големи отвори за воздух, странични завеси, дифузор во задниот браник, надувани браници со дополнителни отвори, нови леснометални бандажи и логото на Abarth со шкорпија на предната маска. Плус тука се и двојните хромирани издувни цевки, тркачките кади, алуминиумски педали и кожен ентериер.

Моќта како што беше најавено доаѓа од 1.4 литарскиот бензинец на Fiat, T-Jet кој остварува 135 коњски сили при 5.500 вртежи и максимален вртежен момент од 180 Nm при 2.500 вртежи, кој со притисок на копчето спорт поставено на централната конзола, расне на 206 Nm при повисоки 3.000 вртежи.

Но, ова не е завршниот збор на Abarth кога е во прашање малиот 500. Во ноември се очекува уште полута комбинација со 160 коњски сили која ќе го добие името EsseEsse.

Покрај поголмата снага сите модели на Abarth имаа стегната и пониска суспензија за да се подобри лежењето на пат и нов систем за контрола на тракција наречен ТТС Torque Control Transfer или контролирано распределување на вртежниот момент.

Новиот систем на погонските тркала ќе може правилно да распредли дел од вртежниот момент, слично како системот Q2 кај Alfa Romeo.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook