Потпишаниот меморандум во месец мај стана договор каде
стои дека Fiat обезбеди контролен пакет на акции и сега официјално е
сопственик на српскиот производител на автомобили Zastava.
Сопственоста италијанците ја обезбедуваат со купување на
67%, наспроти најавените 70%, од акциите на Zastava, додека останатиот пакет на акции од 33% сеуште и
припаѓа на државата Србија, досегашниот соственик на фабриката за автомобили.
Секако станува збор за Zastava Автомобили, додека
одделот за производство на оружје наречен Zastava Оружје
останува државна соственост.
Со потпишаниот договор меѓу претставникот на Fiat и претставникот
на владата на Србија продолжува полувековната традиција на соработка меѓу Fiat и Zastava која датира
од 1950. години на ХХ век и стартуваше со производство на Fiat
600.
Плановите на Fiat се во Zastava покрај
автомобили да произведува и товарна и транспортна програма која доаѓа од Iveco, исто така
сопственост на Fiat, и се очекува од погоните во Крагуевац покрај автомобили
да излегуваат и камиони и автобуси.
Како што беше договорено во мај, Fiat ќе
инвестира 700 милиони евра во нов производствен капацитет кој ќе произведува
два нови модели. Се претпоставува дека едниот од нив е најавениот Topolino.
Капацитетот на погоните во Zastava постепено
ќе се зголемува и во 2011 фабриката годишно би требало да ја напуштаат по
200.000 автомобили.
Покрај инвестицијата на Fiat од 700
милиони евра со договорот државата Србија се обврзува да инвестира 200 милиони
евра во обновување и доградба на инфраструктурата околу фабриката.
Како што истакнуваат во Fiat и во Zastava
потпишувањето на договорот е само логичен след на настаните и обновување на
соработката која според нив никогаш и не била престаната.
Секако ниту едните ниту другите не сакаат да го
споменуваат периодот од 1990. години од ХХ век кога соработката меѓу
двете компании престана поради санкциите што ги воведоа Обединeтите Нации кон
Србија, поточно, тогашна Југославија.
|