Get Adobe Flash player
Официјално Honda CR-Z
13.01.2010

Сериската верзија на долго очекуваниот спортски хибрид на Honda, купето CR-Z конечно се појави пред очите на јавноста. Во Детроит ја доживеа премиерата и наскоро пристигнува кај купувачите.

honda-cr-z-2010-1

Honda CR-Z ги задржува дизајнерските смерници на претходниот концепт, но сепак направени се одредени измени кои го смируваат футуристичкиот дизајн на купето, барем однадвор.

Внатре пак истиот футуристички дизајн останува. Арматурата и инструментите личат како да потекнуваат од иднината што оди на рака со високата технологија импелемнтираната во CR-Z и неговиот спортски карактер.

Како што пишувавме претходно под хаубата на CR-Z работи 1.5 литарскит бензинец со i-VTEC технологијата на Honda за управување со вентилите кој е комбиниран со електричниот систем Integrated Motor Assist – IMA составен од електромотор и акумулаторски батерии.

Електромоторот има моќност од 10 kW и му помага на бензинецот при забрзување, а кога автомобилот забавува или сопира има улога на генератор полнејќи ги никел-метал-хидрид акумулаторските батерии кои имаат напон од 100 V.

При сопирање бензинецот автоматски се исклучува овозможувајќи поголема заштеда на гориво и пониска емисија на издувни гасови посебно во градските средини.

Бензинецот своите 113 КС ги остварува при 6.000 врт/мин. Заедничката моќност на бензинецот и електромоторот е измерена на 124 КС, а задружениот максимален вртежен момент изнесува 173 Nm и благодарение на електромоторот стои на располагање од 1.000 врт/мин.

Моторот снагата ја пренесува до предните тркала преку шест степен мануелен менувач или со CVT менувач со континуиран преносен однос.

Перформансите на CR-Z Honda не ги открива во Детроит, но стои информацијата дека до темпо 100 забрзува за 9,7 секунди.

Honda CR-Z нуди три режими на работа, односно возачот може да избира меѓу Sport, Normal и Economy. Менувањето на режимот на работа влијае врз системот за управување кој во Sport стануда подиректен, одзивот на моторот на педалот за гас, работењето на клима уредот кој се стишува во Economy и слично.

Она што Honda го откри во Детроит се просечната потрошувачка која изнесува 6,4 L/100 km со CVT менувач. Резултат кој не ве соборува наземи.

Колку за споредба хибридниот конкурент од Toyota, новиот Prius кој е поголем и потежок во просек троши 4,6 L/100 km и има забрзување до 100 km/h за 9,8 секунди.

 

 

 

Facebook