Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Официјално: Mini Clubmаn
09.08.2007
mini-clubmanОдговорните во BMW конечно ги обзнанија деталите за растегнатиот брат на Mini, кој ќе се перчи со додатокoт во името Clubmаn и растегнатата каросерија.

За помалку од две години од првото претставување како концептен автомобил, Clubman го здогледа светлото на денот.

Поголемо меѓуоскино растојание, вертикално поделена задна врата и една странична врата по принципот „бујрум” на страната од совозачот го прават Clubman да се разликува од обичниот Mini.

Моторната понуда почнува од основниот 1.6 литарски бензинец кој остварува 120 коњски сили и вртежен момент од 160 Nm. По него следи сосема нов 1.6 литарски турбодизел со 110 КС и вртежен моменет од 240 Nm и бензински турбо од 1.6 литри кој претставува врв во понудата бидејќи остварува 175 исклучително живи понија и ист вртежен момент како дизелот.

Моделот што ќе го носи овој мотор под хаубата ќе се шепури со наставката S во името, односно ќе се нарекува себе си Clubman S.

Сите три модели ќе бидат на рсаполагање со сериски шест степен мануелен менувач, или пак, опционалаен шест степен автоматик.

Цените ќе бидат објавени заедно со пуштањето на автомобилот на пазарот, а тоа ќе се случи некаде на почетокот од следната година.

Автомобилот светлото на денот ќе го здогледа на салонот во Франкфурт во септември.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook