Mercedes ја објави првата официјална фотографија од жешката
верзија на седанот од својата Класа Е каде открива само еден ќош во обид да
ја загрее атмосферата пред официјалното претставување.
Светската премиера Е63 AMG ќе ја доживее
на салонот во Њујорк во текот на следниот месец. Под хаубата на најмоќната
Класа Е ќе работи познатиот V8 со зафатнина од 6.2 литри и моќност од 525 КС.
Е63 AMG во однос на останатите модели ќе се разликува по деталите
на каросеријата карактеристични за спортските верзии на Mercedes.
Автомобилот ќе има значително поагресивен настап со
испакнати арки над тркалата, носи ковани леснометални бандажи зад кои ќе се
сокриваат огромни вентилирачки сопирачки дискови, кои пак, со доплата можат да
бидат карбон-керамички, има поширока трага, ново подвозје и систем за
управување.
Интересно е што карактеристиките на суспензијата се
поддесени според напатствијата дадени од страна на светскиот шампион во Формула
1, Мика Хакинен.
За сега ова се единствените информации што Mercedes
ги открива за својата нова спортска лимузина. Деталите ќе бидат обелоденети
на салонот во Њујорк.
Продажбата стартува кон крајот на месец април, додека
најавената комби верзија ќе биде претставена една година подоцна.
|