Со здружени сили General
Motors и Daewoo
Auto and Тechnology кои ја формираат компанијата GM
Daewoo во Јужна Кореа ја претставија новата генерација на Daewoo М atiz.
Секако европската верзија на истиот модел која доаѓа под
името Chevrolet
Spark веќе беше претставена на салонот во Женева. И двата
модели се поставени на основата на концептот Beat и делат само дизајнерски
разлики.
Тоа се гледа кај предната маска и предниот и задниот
браник. Европскиот Spark стилски е далеку поиздржан и нуди повпечатливи линии посебно во предниот
дел.
Под хаубата на Matiz ќе работи еден мотор со зафатнина од 1.0 литри кој остварува 70 КС при
6.400 врт/мин.
Снагата се испраќа до предните тркала преку четири степен
автоматски менувач.
Мануелниот менувач со пет степени на пренос во Мatiz би
требало да пристигне кон средина на 2010.
Преформансите на Matiz не се објавени единствено се знае дека автомобилот тежок 910 kg во просек може да мине 17 km
со 1 литар безоловен бензин што е еквивален на просечна
потрошувачка од 5,88 L/100
km исто како кај Spark, но со мотор од 1.2 литри и 78 КС.
Секако за Spark се очекува и 1.3 литарскиот турбо дизел на Fiat кој во зависност од
верзијата остварува 70 КС, односно 90 КС.
Автомобилот е долг 3.595 mm, широк е 1.595 mm и
висок е 1.520 mm. Меѓуоскиното растојание мери 2.375 mm, додека трагата напред и занад изнесува 1.410 mm,
односно 1.417 mm.
Стартот на продажбата на Matiz е закажан за 1
септември, додека европските купувачи за Spark ќе треба да почекаат до 2010.
|