Откако по пробиената информација фотографиите на новиот М egane се
појавија на интернет во Renault побрзаа во целост да го претстават автомобилот пред
официјалното деби во Париз.
Францускиот производител ветува големи нешта кои што треба да
ги исполни третата генерација на Megane. Според изгледот
се чини дека новајлијава ќе освојува на прв поглед.
Драматичноста на задникот отсуствува кај новата генерација
на галскиот заводник. Но, тоа не значи дека дизајнерите во Renault
се откажале од воведувањето на драматичност во Megane.
Напротив тие само одлучиле да ја преместат и место во
задниот дел од автомобилот таа е префрлена напред. Вдлабената хауба наликува на
елипсовидна чинија чив обрач кружи меѓу двата А - носачи и во врвот го сече
беџот на Renault на половина. На неа се надоврзуваат кон назад
развлечените предни светла кои длабоко влегуваат во предните крила оптички
зголемувајќи ја ширината на автомобилот давајќи му поагресивен лик.
Сепак, сите оние што ќе сакаат парче автомобил со уште
полут лик ќе мораат да причекаат на пазарот да се појави верзијата со три врати
која во Renault ја нарекуваат Coupe .
Новата дизајнерска приказна исплетена околу Megane се
повторува и во внатрешноста. Секако неможе, а да не се
забележи влијанието на дизајнот применет и кај новата Laguna.
Минималистичкиот дизајн на арматурата е дополнителен предизвик за дизајнерите
кои успеале да ја направат едноставна, но ефикасна.
Арматурата која благо се спушта кон кабината совршено се вклопува во
високо поставената централна конзола која може да биде обоена во боја на преслеките и на тој начин рефлектира луксузно или спортско доживување.
Според одговорните во Renault во
внатрешноста преовладуваат материјали меки на допир, а како дополнување на
убавиот екнтериер е високото ниво на опременост каде преовладуваат високо
технолошки новини како што е 3D системот за сателитска навигација со кого се управува
преку џојстик.
Влегувањето и стартувањето на автомобилот без клуч е
наследено од претходникот, додека новина е и новата автоматска рачна сопирачка
кој се активира секогаш кога моторот ќе се изгасне.
Третата генерација на Megane е
поставена врз платформата на актуелната генерација, но за новиот автомобил
инженерите ја прошириле трагата и го зголемиле меѓуоскиното растојание, а
комплетно се сменети суспензијата и управувањето за да се обезбеди многу
поголемо задоволство при возење.
Во Renault уверуваат дека напорно работеле на новиот Megane и дека целосно се
отстранети проблемите со доверливоста кои ја погодуваа актуелната генерација и
дека е зголемен степенот на прецизност со кој се склопува автомобилот, посебно
панелите од каросеријата.
Покрај претставената верзија со пет врати и веќе виденото
купе, во Renault истакнуваат дека до 2010 на пазарот ќе пристигнат и
купе-кабиолет, седан, комби и ванот Scenic.
Како што се очекуваше комплетно е ревидирана и моторната
понуда која ќе го задвижува новиот Мegane.
Инженерите во Renault подготвиле дури
шест дизел мотори кои ќе брчат под хаубата, од кои пак, 50% или три мотори ќе
бидат исклучително наклонети кон животната средина и ќе имаат емисија на СО2
пониска од 120 g/km.
На старт Megane ќе го задвижуваат dCi агрегати
со моќност до 85 до 130 коњски сили, а подоцна на сцена ќе стапат и верзиите со
150 и 160 коњски сили.
Бензинската коњица ќе доаѓа од 1.6 литарскиот
четирицилиндарец кој ќе остварува 100 и 110 коњски сили, потоа од 2.0 литарецот
со 140 коњски сили и во верзијата со турбо полнач TCе со моќност
од 180 коњски сили.
Најавениот 1.4 литарски турбо бензинец TCе ќе
пристигне на пролет 2009, ќе остварува 130 коњски сили и максимален вртежен
момент од високи 190 Nm.
Третата генерација на Megane ќе се
појави на пазарот набрзо по претставувањето на салонот во Париз. Испораката на
првите модели во Западна Европа е закажана за ноември. Цената сеуште не е
откриена.
|