Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Официјално Skoda Superb
10.01.2008
skoda-superb-1.jpgКонечно долго очекуваниот Superb е пред нас. Чешкиот производител одлучи да ја тргна мистеријата од својот знаменосец кој ќе напаѓа во високата средна класа.

По логичниот след на настаните и новиот Superb како и повеќето нови автомобили е пораснат значително во однос на својот претходник. Superb за 2008 порасна и во должина и во ширина и сега во кабината нуди уште повеќе простор што е главната значајка на најголемата лимузина на Skoda.

Јасниот показател дека во Skoda сакаат да понудат една напредна лимузина се големиот број на технолошки новини кои се среќаваат кај автомобилите класа повисоко.

Superb носи адаптибилни предни светла кои осветлуваат и во свијок, комплтено нов електронски клима уред, автоматски асистент при паркирање и импресивни 9 воздушни перници.

Под ламарината работи механиката на Volkswagen, па така за Superb се обезбедени три бензински и два дизел мотори со моќност од 105 до 260 коњски сили. Снагата на подлогата ќе се пренесува преку мануелни и DSG менувачи.

За производство на новиот Superb ќе бидат задолжени вработените во фабриката на Skoda во Квасини, Чешка, а стартот на продажбата е закажан за втората половина од годината.

Иако отркивањето на автомобилот е направено непосредно пред стартот на салонот во Детроит, светската премиера е планирана за салонот во Женева кој традиционално се одржува во март.

skoda-superb-2.jpgskoda-superb-3.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook