Subaru ја откри новата Impreza WRX STI пред салонот во Токио. Автомобилот е дериват на новата Impreza и има суштински разлики потребни за еден комплетен спортист.
Impreza WRX STI нуди покуси преден и заден превес,
поголемо меѓуоскино растојание и поширока каросерија поради испакнатите крила.
Предните светла за магла се интегрирани во предниот
браник и се обрабени со хром. Крај нив се наоѓаат отворите за проток на ладен
воздух потребен за разладување на предните сопирачки.
Препознатливите тркалезни и предимензионирани светла за
магла од стариот модел заминаа во пензија.
Под хаубата се сокрива целосно ревидирана верзија од
познатиот 2.0 литарски боксер на Subaru кој се храни со воздух
преку „twin-scroll” турбо полнач со две влезни цевки и е врзан со шест
степена мануелна менувачка кутија единствена во понудата.
Издувната гранка кај секој од двата пара цилиндри на
боксерот има посебен вод кој оди во турбополанчот. Поради разводот поделен во два дела турбополначот
почнува да се врти од многу низок број на вртежи.
Полнењето на моторот почнува
рано со што се добива ефект како кај механички компресор и се остварува масивен
вртежен момент од ниски вртежи.
Сеуште нема официјални податоци за максималната моќност и
вртежениот момент, но се претпоставува дека се работи за 304 коњски сили и 420 Nm.
Моќта се испраќа на сите четири тркала преку симетричниот
AWD систем на Subaru и нов централен
диференцијал, Drivers Control Central Differential (DCCD), кој нуди
повеќе модуси на работа.
Секако неизоставен дел од интелигентниот погон се
системот Subaru Intelligent Driver познат како SI-Drive
и динамичка контрола на возилото VDC.
|