|
08.06.2007 |
Најбрзиот сериски автомобил е Bugatti 16.4 Veyron. Тркачот вози 400 km/h и чини 1,1 милион евра. Го вози модниот цар Ралф Лорен - и уште 70 други мултимилионери.
Има и незадоволни сопственици. Не им се допаѓа звукот на моторот. Кога 16 цилиндри пумпаат во зафатнина од осум литри и притоа мобилизираат 1001 КС тие повеќе ги сакале да чујат пеколен звук. Место тоа Bugatti преде како мачка. Посебно во Англија се бара подив звук. Но, не е едноставно од толку комплексно возило да се извлечат повеќе децибели.
На луксузната марка во концернот VW не и оди лошо. Досега се испорачани 70 примероци од суперавтомобилот, а потпишани се договори за уште 80 возила. Ако се оди по план, овие возила ќе се изработат за околу една година и фината марка од Алзас ќе може да прославува бидејќи дотогаш ќе има произведено вкупно 300 возила - повеќе од тоа нема да се изработат.
Инаку, и потенцијалните купувачи на машината што се продава за 1,1 милион евра, се ретки. Американскиот моден дизајнер Ралф Лорен поседува еден примерок. Тој има многу автомобили, па дури и има колекција од Bugatti. Бидејќи сите негови возила се црни, тој и Veyron, кој инаку се испорачува во 53 бои и секогаш во комбинација од две бои, гонарача цел во црно. Се разбира дека желбата му беше исполнета. Досега се испорачани два такви примерока.
На салонот во Франкфурт во септември Bugatti нема да присуствува - нема што ново да покаже. За разлика од другите луксузни марки, кај кои практично секој автомобил може да се опреми различно, Bugatti Veyron не може да се дотера по свој вкус. Veyron е комплексно спортско возило и единствено може да се вршат незначителни измени во изгледот.
А и тука има граници. Не може да се монтираат други бандажи бидејќи гумите од Michelin кои се развиени специјално за темпо 400 и повеќе се точно приспособени на бандажите. И желбата арматурната табла да се превлече со друга кожа не може да се исполни. За тоа би морало да се провери функцијата на воздушната перница, а тоа бара нов краш-тест. КОј би можел тоа да го плати?
Се работи на тоа да се нудат бандажи во различна боја. Се нудат и седишта со различна ширина. И шевот на кожата може да се нарача по вкус, исто како и лакирањето на каросеријата. Можеби во иднина купувачите ќе може да нарачаат попровокативен издувен уред. Но, и тоа ќе биде само умерено.
|