Електричниот автомобил на Opel и брат
близнак на Chevrolet Volt , иновативната Ampera, конечно ја
доживеа светската премиера и влегува во сериско производство кон крајот на
2011.
Сеаг љубителите на марката и љубителите на
автомобилите воопшто ќе можат да се нахранат со техничките детали и податоци на
Ampera кои Opel мудро ги премолчуваше чувајќи ги за големото деби.
Како што веќе пишувавме Ampera е plug-in
хибрид кој за погон користи електромотор, а класичниот бензински агрегат
служи како генератор за дополнување на батериите.
При полни батерии знаеме дека Ampera може да
мине 60 km, а по вклучувањето на класичниот агрегат, батериите
добиваат доволно капацитет за максимален досег од 500 km што е на
ниво на еден современ бензинец.
Потоа Ampera мора со кабел да се приклучи на стандардната електрична
мрежа, со напон до 230 V за да ги наполни литиум-јонските акумулаторски батерии составени
од преку 220 ќелии кои ослободуваат енергија од 16 kWh, за да може
го продолжи својот пат.
Карактеристиките на помошниот бензинскиот мотор како
што се зафатнина, моќност, потрошувачка сеуште не се откриваат. Единствено се знае
дека моторот може покрај класичен безоловен бензин од 95 октани да користи и
биогориво, поточно етанол Е85.
Затоа пак се знае дека електричната погонска единица
остварува моќност од 150 КС и максимален вртежен момент од 370 Nm кои се
доволни да ја забрзаат Ampera до 100 km/h за 9,0 секунди и достигнат максимална брзина од 161 km/h.
Според проценките на инженерите на Opel, еден
изминат километар со Ampera ќе чини
околу една петина од моментална цена на чинење на бензинот.
Ampera е конципирана како седан со пет врати, погонот е на
предни тркала, има четири диск сопирачки со регенеративен систем кој максимално
ја искористува енергијата при сопирање и забавување.
Во должина мери 4.404 mm, широка е
1.798 mm, а висока е 1.430. Меѓуоскиното растојание е развлечено на 2.685 mm, волуменот
на багажникот изнесува 301 L, а во кабината можат да се превезуваат четири патници.
Од Opel наведуваат дека Ampera стои на
леснометални бандажи од 17 инчи обуени во посебно развиени гуми со низок отпор
на тркалање.
За сега толку понатаму се очекува подетално претставување
на погонот на Ampera, додека за евентуалната цена ќе чекаме уште долго.
|