После еден куп шпијунски фотографии, исечени официјални
фотографии направени само за да ја поттикнат љубопитноста, разни тизери и слични
лажалки Opel конечно ја претстави новата Astra.
Новиот компакт што доаѓа од Риселхајм за сега на љубителите
на автомобили им се нуди во десетина фотографии и неколку основни информации,
додека комплетните детали сеуште чекаат да бидат објавени.
Експертите за продажба и за маркетинг во Оpel ја
најавуваат Astra како многу значаен модел за компанијата која според
статистиките загуби голем дел од пазарниот колач и губи во продажбата од
рестилизираниот Ford Focus кој се продава одлично, а очекува и наследник.
Очите на светската јавност во живо ќе можат да ја видат Astra
на есен, поточно на 17 септември на салонот за автомобили во Франкфурт кога
е се случи светската премиера.
Новиот трендсетер од Оpel ќе се
појави во продажните салони кон крајот на годината. А вината за привлечниот
дизајн лежи кај британецот Марк Адмас кој е одговорен и за неверојатниот успех
на Insignia.
Исто како Insignia и новата Astra има минато
преку 600 часа во воздушен тунел заради дотерување на аеродинамиката од која на
крај профитираат потрошувачката, перформансите и севкупниот комфор при возење.
Кога е во прашање комфорот и безбедноста Astra носи многу
новитети во компактната класа како што тоа го стори и поголемата Insignia.
Станува збор за користење на најнова технологија како што е мехатронички конципирана шасија која во потполност ги интегрира механичките
функции и електронската контрола, најнапреден систем на предни светла, камера
за препознавање на сообрќајни знаци позната како Opel Eye и седишта
со најдобри ергономски карактеристики.
Системот развиен за Insignia, Opel
FexRide кој овозможува електронски надзор над условите на возење и соодветно поддесување
на карактеристиките на суспензијата му овозможува на
возачот три модуси стандардно или Normal, Sport и Tour.
Предните светла се од новата генерација на биксенон
светла AFL + кои овозможуваат прилагодување на интензитетот на снопот во
зависност од условите на пат и брзината на движење со 9 различни функции на
осветлување.
Под каросеријата која во должина мери 4,42 m се сокрива
новата модуларна Delta платфрома на General Motors врз која е
поставен и Chevrolet Cruze и која има за 71 mm поголемо
меѓуоскино растојание од претходникот.
Понатаму новата Astra има поширок траг и
напред и назад, нова конструкција на задната оска која не само што ја
подобрува стабилноста, туку ја подигнува границата на возните својства на
повисоко рамниште и нуди подобар комфор заедно со Opel FlexRide.
Најважната и најголемата новина во моторната понуда е
воведувањето на најавениот турбо бензинец со зафатнина од 1.4 литри кој
остварува 140 КС. Доаѓа како замена за атмосферскиот 1.8 литарец, развива за
14% поголем вртежен момент и е далеку поштедлив и почист и бара помалку
одржување.
Покрај 1.4 турбо Astra ќе ја задвижуваат уште три
бензинци со зафатнина од 1.4 и 1.6 литри и распон на моќност од 100 КС до 180
КС. Дизелската понуда исто така ја сочинуваат четири CDTi трубо
мотори.
Тие имаат зафатнина од 1.3 до 2.0 литри и распон на снага
од 95 КС до 160 КС и опремени се со филтер за честички чад. Сите мотори
ги исполнуваат Euro 5 нормите, а наскоро се очекува и EcoFlex верзија на
Astra која ќе има исклучително ниска потрошувачка на гориво и ниска емисија на
СО2.
Како дополнување на моторната понуда од Opel најавуваат
и хибридна технологија во Astra иста каква што се вградува и во Ampera. Astra
Hybrid би требало да се појави на пазарот кон крајот на 2010.
Подеднакво како и актуелниот модел и новата Astra на
купувачите ќе им биде на располагање во пет каросериски верзии. Хечбек со пет,
со три врати GTC, комби, седан и купе-кабриолет.
Цената како и останатите детали е бидат соопштени
подоцна.
|