Од производната лента во погоните на Opel во Бохум,
Германија се симна 10 милионитиот примерок на Astra. Станува
збор за караван Silver Lightning со 1.7 литарски CDTI мотор.
Со повеќе од 500.000 моделски верзии продадени само во
Европа минатата година, Astra е убедливо најпродаваниот автомобил во гамата на Opel и успешно
гази по стопите на Opel Kadett следејќи ја традицијата на марката која
подразбира производство на квалитетни автомобили од компактната класа.
Приказната за успехот на Astra започна во
1991. Всушност на 12 август 1991 стартуваше ерата на Astra кога
првиот модел обоен во магма црвена воја се симна од производната лента на
погоните во Бохум.
Opel тогаш го смени името на постоечкиот Kadett,
превземајќи го името Astra од сестринскиот модел што се продаваше во Велика
Британија. Името Astra за првпат го искористи сестринската фирма на Opel во
Британија, Vauxhall, која во 1980 го преименува Kadett. Tоа беше
четврта генерација на компактни автомобили на Opel.
Со десет милиони произведени возила, Astra одамна
стои на највисокото скалило како најпродаван модел во компактната класа во
околу 80 држави ширум светот, а како што истакнуваат во Opel со гордост
може да се пофали и со многубројни награди.
Како што доликува јубилејниот модел Astra Silver
Lightning 1.7 CDTI во караванска изведба носи исклучително ниво на
опременост и се гордее со посебни карактеристики кои го обележуваат ова
извонредно достигнување на Opel.
|