Get Adobe Flash player
Opel Astra Sports Tourer
18.06.2010

Opel официјално ги прикажа првите фотографии и ги даде основните податоци за комби верзијата на новата генерација на Astra која ја нарече Sports Tourer и чија светска премиера е закажана за на есен.

opel-astra-sports-tourer-2010-1

Astra Sports Tourer очарува со елегантна и динамична форма која потсетува на поголемата Insignia ST, но е поубава и поскладна од неа. Очигледно дизајнерскиот тим на Astra предводен од главниот дизајнер Марк Адамс завршиле одлилна работа.

Нема сомневање дека модерната форма на Astra Sports Tourer ќе привлече многу купувачи кои сакаат да возат шик автомобил кој во исто време е практичен и со багажник од осносвни 500 до максимални 1.550 литри лесно ќе ги задоволи сите на кои им е потребен вишок товарен простор.

При преклопување на задната клупа во Astra Sports Tourer се ослободува товарен простор со должина од 1.835 mm што е 28 mm повеќе во однос на актуелниот модел кој е на залезот на кариерата.

Од Opel го нагласуваат системот за преклопување на задната клупа FlexFold кој со притискање на копче во багажникот автоматски ја преклопува, систем кого веќе го користи Mitsubishi.

Точните димензии на Astra Sports Tourer од Opel сеуште не ги откриваат, го наведуваат само меѓусокиното растојание од 2685 mm и трагата напред/назад 1.544/1.558 mm.

За во Astra Sports Tourer, Opel најавува и нови изведби на постоечките мотори. Вкупно во комбито ќе се вградуваат осум бензински и дизел мотори со распон на моќноста од 95 до 180 КС.

Новина е 1.4 литарскиот турбо бензинец кој покрај изведбата со 140 КС доаѓа и во изведба со моќност од 120 КС. И двете верзии се комбинираат со шест степен мануелен менувач.

Заедно со двата турбо бензинци од Opel очекуваат дека и 2.0 литарскиот турбо дизел CDTI со 160 КС и вртежен момент од максимални 380 Nm ќе биде третиот најчест избор на купувачите.

За оние што сакаат да штедат прв на списикот ќе биде 1.3 литарскиот CDTI со 95 КС кој прв во гамата ќе биде опремен со систем Start/Stop. Подоцна Start/Stop ќе биде имплементиран и во останатите моторни понуди.

Astra Sports Tourer ќе го носи и системот на Opel за електронска контрола на стабилноста на приколка или TSA – Trailer Stability Assist кој ќе се добива со фабрички вградената кука за влечење и е врзан со системот ESP.

Повеќе информации за Astra Sports Tourer се очекуваат во периодот што следи се до нејзината светска премиера на салонот во Париз.

 

 

 

Facebook