Get Adobe Flash player

Opel го претстави футуристичкиот Flextreme
02.03.2010

Оpel официјално го претстави најавениот концепт Flextreme GT/E како предвесник на новиот знаменосец на компанијата кој во иднина би требало да биде поставен во сегмент каде стои актуелната Insignia.

opel-flextreme-gt-e-2010-1

Купето со пет врати како што го опишуваат Flextreme GT/E од Opel ја користи plug-in хибридната технологија на Ampera и треба да претставува еден нов вид на GT автомобил, штедлив, со многу простор и шик дизајн.

Стилски дизајнот на Flextreme GT/E се потпира на новата генрација на модели на Opel, како Insignia и Astra, но со форми кои може да си ги дозволи само еден концепт и одлична аеродинамика со коефициент на отпор на воздух Cd 0,22.

Според димензиите Flextreme GT/E е близок со Insignia. Всушност покус е за 70 mm и понизок е 190 mm. Затоа меѓусокиното растојание е растегнато на 2.900 mm напроти 2.735 mm што помага да се отвори доволно простор за пакетот батерии кои се сместени пред задната оска, односно под задните седишта.

Погонот го обезбедува електромотор од 150 КС и вртежен момент од максимални 370 Nm, додека за полнење на батериите е задолжен бензински мотор со зафатнина од 1.4 литри и 70 КС.

Opel Flextreme GT/E е способен за максимална брзина од 200 km/h и забрзување до темпо 100 за околу 9 секунди.

Максималниот радиус на движење со наполнети батерии изнесува 56 km што според инженерите на Opel е оптимална вредност бидејќи истражувањата покажале дека 80% од возачите во Германија дневно минуваат помалку од 50 km.

Батериите со капацитет од 16 kWh се полнат со приклучување на стандрадна електрична мрежа преку приклучок поставен во логото на маската кое се извлекува и преку бензинскиот мотор.

По изминатите 56 километри на електрика се вклучува бензиенскиот мотор и на Flextreme GT/E му обезбедува максимална автономија на дивжење од 480 километри со емисија на СО2 од 40 g/km.

Претставувањето на концептот Flextreme GT/E е логичен чекор во развојот на возила со хибриден погон со акцент на електриката кај Opel, посебно ако се знае дека сериското производство на иновативната Ampera стартува во 2011.

 
Get Adobe Flash player