Get Adobe Flash player
Opel Insignia е Автомобил на годината
18.11.2008
insingia-avto-na-godina-2009.jpgЖирито составено од 59 автомобилски новинари од 23 држави вечера ја додели престижната награда Автомобил на годината за 2009 на Opel/Vauxhall Insignia.

Членовите на жирито извлекоа заклучок дека Insignia e навистина револуционерен автомобил за Opel и дека иновациите, безбедностa и комфорот нудат содржина подеднакво колку и стил.

Содржината на Insignia ја дополнуваат и ефикасните и економични мотори, богатството од опрема уште од најниското ниво, софистицираните опции како Opel Eye коe чита знаци, суспензијата FlexRide и адаптибилните предни светла со девет модуси на осветлување.

За да се добие наградата Автомoбил на годината автомобилот мора да задоволи критериуми како што се дизајн, безбедност, возни својства и перформанси, технички иновации, вредност за вложените пари.

Покрај впечатливиот дизајн и напредната технологија Opel Insignia пристигнува на пазарот во три варијанти како седан, хечбек и комби што навистина ги одушеви членовите на жирито.

Според нив дизајнот на Inisignia може да се претстави како симбиоза на уметничка скулптура проткаена со германска прецизност која обезбедува одличен аеродинамички коефициент Cd од 0,27 и директно влијае на потрошувачката, емисијата на издувни гасови, удобноста и акустиката.

Понудата на Insignia се состои од 9 различни мотори, секој ги исполнува нормите Euro 5 и ќе биде на располагање со шест степен мануелен или автоматски менувач.

Insignia e трет автомобил на Opel кој се закитил со оваа престижна награда. Kadett ја освои наградата во 1985, а две години подоцна и Omega стана Автомобил на годината.

Интересно е што Opel Insignia е првиот седан од средната класа кој ја добива наградата Автомобил на годината по 1998 кога истата ја освојува Alfa Romeo 156.

Opel Insignia пристигнува во продажните салони до крајот на годината и почетокот на 2009 во зависност од пазарот.

 

 

 

Facebook