Opel објави дека веќе има преку 100.000 нарачки за Insignia што е
резултат за почит. Воедно во првото три месечје од годината таа е најпродаван
модел од средната класа во Европа.
За да се исполни големата побарувачка во фабриката во
Риселхајм каде што се произведува Insignia е воведена
дополнителна смена. Значи Европскиот автомобил на годината за 2009 е на добар
пат да стане бестселер за годинава.
Според прашалниците кои им се доставуваат на клиентите
низ продажните месат во Европа, вицепремиерот на GM Europe истакна
дека за Insignia се одлучуваат и оние што прво битно сакале да купат
автомобил од премиум сегментот.
Интересна е и структурата на нарачките за Insignia. Околу
една третина од купувачите се одлучуваат за моделот со турбо дизел 2.0 CDTI со моќност
од 160 КС, две третини од купувачите се одлучуваат за леснометални бандачи со
најголемиот дијаметар кој изнесува 20 инчи.
Дури 80% од купувачите се одлучуваат за вградување на DVD
навигациски систем, 56% се одлучуваат за новите адаптибилни предни светла Adaptive
Forward Lighting, а 50% од нарачаните модели се со специјалните анатомски
предни седишта.
Подробните анализи на одговорните во Opel и во GM
Europe говорат дека интересот за Insignia дополнително ќе се зголемува во месеците што доаѓаат
посебно поради излегување на верзијата Sports Tourer на пазарот.
Од компанијата веруваат дека токму овој модел ќе биде
голем хит во Европа годинава и во 2010.
|