Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Opel Insignia комби и купе
23.04.2008
opel-insignia-caravan-1.jpgОткако Opel ја претстави седан верзијата на Insignia на ред се и другите каросериски варијанти како комби, односно заштитеното име на Opel, Caravan и со нетрпение очекуваното купе.

Комбито е веќе дел од традицијата на Opel во таа класа, а Insignia Caravan ќе биде само продолжување на историјата на германскиот производител, додека купе верзијата најверојатно ќе биде поставена на основата на концептот GTC кој се појави минатата година во Женева.

Како и кај претходникот караванот ќе има подолга каросерија и поголемо меѓуоскино растојание, а неговата премиера се очекува за околу една година. Моторите ќе бидат исти како и во седанот со дијапазон на снага од 140 до 260 коњски сили, а на располагање ќе биде и најавената EcoFLEX верзија.

И додека караванот е извесен во Opel сеуште молчат околу претставувањето на купето. Не негират, но исто така не потврдуваат. Молчењето може да се свати како потврда или сигнал дека и купето ќе се појави некаде кон крајот на 2009 или почетокот на 2010.

Во секој случај појавувањето на Insignia и нејзината прифатеност од купувачите ќе биде решавачка за Opel, но и за General Motors, бидејќи моделот заедно ќе се продава и во Европа и во САД. Секако за американците ќе носи друго име Saturn Aura.

opel-insignia-coupe-1.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook