Get Adobe Flash player
Opel Insignia официјално
18.04.2008
opel-insignia-official-1.jpgКонечно Opel ги објави фотографиите и дел од деталите за новата Insignia која ќе се фати во костец со силна конкуренција кога ќе се појави во продажните салони во октомври.

Колку што може да се забележи ривалите како Ford Mondeo, Citroen C5, Honda Accord, Mazda 6 ќе имаат достоен противник против себе во освојувањето на купувачи.

Opel не само што го отфрли името на претходникот Vectra туку создаде автомобил кој нема никаква сличност со неа. Ова го потврдува и шефот за дизајн на General Motors за Европа, Марк Адамс:Insignia нема ништо од Vectra и тоа е направено намерно. Не сакавме да напредуваме со бебешки чекори, туку сакавме овој автомобил да биде препознатлив и динамичен.”

Insignia е поставена на платформата на GM наречена Epsilon2 која во иднина ќе биде основа за дури 13 различни модели. Во должина мери 4,83 метри и е за 21 сантиметри подолга од Vectra, висината е безмалку иста додека во ширина се обезбедени дополнителни 50 милиметри.

И покрај купеовската линија на кровот која нагло се спушта за патниците на задната клупа има доволно место за глава, слично како и во актуелната Vectra, но затоа има многу повеќе место за нозе поради зголеменото меѓуоскино растојание за 35 милиметри.

Покрај класичниот седан, на располагање ќе бидат и хечбек и комби верзија, со тоа што нема да има голема разлика меѓу седанот и хечбекот бидејќи задните врати остануваат несменети. Единствената разлика ќе биде одзади, а за да не се зголеми тежината задната врата на хечбекот ќе биде изработена од пластични маси.  

Динамичната линија на Insignia е добиена како резултат на опсежни испитувања во воздушен тунел со што е добиен и најнизок коефициент на отпор на воздух во класата, но неговата вредност сеуште не е објавена. Благодарение на добрата аеродинамика потрошувачката кај Insignia ќе биде значително пониска, а со тоа значително ќе се намали и емисијата на СО2 поради што Insignia ги задоволува нормите за емисија на издувни гасови Euro 5.

Суспензијата е направена по европски терк, а за пример е земен Ford Mondeo за кого се верува дека ќе биде и најлутиот ривал на Insignia. Ова значи дека Insignia ќе нуди извонредни возни карактеристики.

На почеток Insignia ќе биде на располагање со пет различни мотори три бензинци и два дизели и како што рековме погоре сите ги задоволуваат нормите Euro 5. Моќноста до тркалата се пренесува преку шест степен мануелен или автоматски менувач.

Бензинците ги покриваат два четирицилиндерци и еден V6, a снагата варира од 140 до 260 коњски сили. Дизелската понуда пак ја покрива сосема нов 2.0 литарски четирицилиндерец со трубо и директно вбризгување кој до предните тркала испорачува 130 односно 160 коњски сили во зависност од изведбата.

Понатаму се очекува на купувачите да им биде понудена опцијата EcoFLEX која ќе се нуди за целата гама на мотори, а ќе има ултра ниска емисија на СО2.

Новини кај Insignia се амбиенталното осветлување во кабината и предните светла со девет различни позиции на светлосниот сноп кој во зависност од условите на возење се поддесува автоматски. Вградени се и светла за возење дење, а верзиите со повисоко ниво на опрема ќе имаат светлечки диоди.

До светската премира која е закажана за 22 јули на салонот во Британија, поточно на Лондонскиот Моторшоу, од Insignia ќе бидат на располагање само фотографии. Дури тогаш автомобилот ќе може да се види во живо. А кај нас дури на есен.


 

 

 

Facebook