Набрзо по спектакуларното
претставување на Insignia во седан и хечбек изведба на салонот во Лондон, Opel одлучи да ги објави првичните информации за караван веризјата.
Претставувањето на Insignia (за која пишувавме претходно: Opel Insignia официјално, Opel/Vauxhall Insignia ентериер, Opel/Vauxhall Insignia видео, Револуционерен мотор работи во Opel Insignia) беше вистински спектакл кој се одвиваше
близу лондонскиот „Tower Bridge”.
Капсула со футуристички
изглед беше поставена да стои во близина на мостот, поточно
во Паркот на Потеровите полиња, неколку дена и го привлекуваше
вниманието на граѓаните на Лондон како неидентификуван летечки објект кој паднал
од вселената.
Пред стартот на премиерата
капсулата во која беше сокриена Insignia голем кран ја подигна
на висина од 45 метри, а присутните можеа
да гледаат како од масивниот предмет со тежина од 3,2 тони
излегува Insignia, паѓа кон земјата и се спушта на бина.
Притоа Insignia
успеа да
постигне брзина од 7,6 метри во секунда што е пристојно со
оглед на тоа дека автомобилот се движеше вертикално.
Продажбата на Insignia
и во седан
и во хечбек верзија стартуваше веднаш во Германија. Цената
на основниот модел Essentia со 1.6 литарски бензинец со 115 коњски сили во Германија изнесува 22.700 евра, додека за исто опремен дизел 2.0 CDTI со
110 коњски сили треба да се довојат 24.300 евра.
Стандардната опрема
на Essentia вклучува ABS, ESP, активни потпирачи за глава напред, клима
уред, 6 воздушни перници, Isofix,
централна
брава со далечинско, електрика на стакла напред, радио со CD, патен компјутер, електрично местење на
возачкото седиште по висина и контрола на тракција.
Истото се однесува и
на ново претставената комби верзија наречена Sports Tourer која светската премиера
ќе ја доживее на салонот во Париз, а продажбата ќе стартува
веднаш потоа. Цените сеуште не се соопштени.
Sports
Tourer ја
наследува убавината на седанот и хечбекот. Со стилски изведениот
задник плени дури и повеќе од своите близнаци. Каросеријата
после В носачот е комплетно изменета и додедени се плус 80 mm во однос на седанот
со задржување на истото меѓуоскино растојание од 2,74 метри. Sports Tourer мери 4,91 метри во должина, а багажникот нуди основни 540 литри волумен.
Сличноста со останатите
верзии одзади Sports Tourer ја постигнува со огромната задна врата која навлeгува длабоко во страниците на каросеријата и со тоа му го дава на
автомобилот саканиот заоблен лик.
Тука се и уникатните
задни светла кои дефинитивно се разликуваат од се што е досега видено и ја дополнуваат
претставата за футуристичката насока во дизајнот на Insignia.
Заедно со Sports
Tourer ќе
бидат претставени и двата нови мотори на Opel, поточно на General
Motors. Се работи за компактен турбо бензинец со зафатнина од 1.4 литри
и сосем нов дизел.
Двата нови мотори како
и останатите седум од понудата на Insignia ќе ја задоволуваат нормата
Euro 5, а ќе се испорачуваат со мануелен или автоматски шест степен
менувач.
Платформата на Insignia
Sports Tourer претрпела одредени измени со цел да се постигнат исти динамички
карактеристики како кај седанот и покрај поголемите димензии и тежина.
И кај комибто ќе се
вградува адаптивната суспензија FlexRide, и погонот на четири
тркала како и безбедносната камера наречена Opel Eye.
FlexRide е во суштина мехатронички
систем кој ја подобрува стабилноста и обезбедува електронски контролирано придушување
или амортизирање на вертикалното движење на тркалото во реално време.
Дополнително FelxRide му овозможува на возачот
да одбере еден од трите начини на возење. Покрај стандардниот
променлив или автоматски начин, каде системот сам го препознава
начинот на возење и квалитетот на подлогата и според тоа ја прилагодува амортизацијата, возачот може да избере и удобна амортизација со префрлање на Tour или спортски тврда амортизација
со избирање на програмата Sport.
Спортскиот модус ја
прави Insignia Sports Tourer подинамична бидејќи ги менува не само тврдината на амортизација
туку и меѓусебно поврзаните функции како управувањето, одзивот
на педалот за гас, па дури и осветлувањето на таблата со инструменти.
Покрај FlexRide или заедно со него на
купувачите им е оставено да ја изберат и верзијата со софистицираниот прилагодлив
погон на четири тркала кој проактивно го испорачува вртежниот момент во зависност
од тркацијата на тркалата со подлогата и на тој начин обезбедува врвна стабилност
и оптимална влечна сила.
Покрај двата нови мотори
и 1.6 литарскиот бензинец и 2.0 CDTI со 110
коњски сили, под хаубата на Insignia
Sports Tourer исто како и кај седанот и хечбекот ќе работат и бензинците
од 1.8 литри со 140 КС,
2.0 Turbo со 220 КС и 2.8 V6
Turbo со 260 КС. Дизелот 2.0 CDTI доаѓа и во изведба со 130 и со 160 КС.
Со простор во внатршноста
каде удобно можат да патуваат пет возрасни патници и со еден од најголемите багажници
во класата, нови мотори, еколошки подобна
и одлично опремена се очекува Insignia Sports Tourer да биде прв избор во
класата.
Исто како и седанот
и хечбекот, Insignia Sports Tourer ќе се произведува во
фабриката на Opеl во Риселхајм која важи за една од најсовремените и најефикасните
фабрки во светот.
|