Get Adobe Flash player

Opel Insignia во Кина се продава како Buick Regal
05.01.2009
buick-regal-kina-1.jpgМожеби звучи чудно, но факт е дека во Кина, Opel Insignia ќе се продава под името Buick Regal. Едноставно General Motors брза да извлече што повеќе од својот нов седан.

Секако постоеја планови Insignia да се појави на пазарот во Северна Америка како наследник на Saturn Aura, но тоа требаше да се случи дури по две години од претставувањето на автомобилот на европскиот пазар, значи во 2010.

Insignia во секој случај ќе станеше глобален автомобил бидејќи за General Motors таа е една од адутите за излез од кризата во која западна компанијата.

Меѓутоа светската финансиска криза го забрза и му даде нови смерници на процесот. Имено место да го понуди автомобилот на пазарот во Северна Америка, General Motors се сврте кон Кина.

Па така кинеските купувачи ќе можат да го добијат Buick Regal, кој се разликува од Opel Insignia само по беџот поставен напред на новата маската, назад на хромираната лента на багажникот и на воланот.

Под хаубата на Buick Regal работата два бензински четирицилиндрични агрегати. Атмосферски со зафатнина од 2.4 литри и моќност од 165 коњски сили и 2.0 литарски турбо кој испорачува 217 коњски сили.

Снагата на предните тркала ја пренесуваат преку шест степен автоматски менувач, а забрзувањето до 100 km/h изнесува 9,8 секудни, односно 7,8 секунди.


 
Get Adobe Flash player