Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Opel Insignia за на терен
03.01.2012

Протекоа првите официјални фотографии од комби верзијата на Opel Insignia која е подготвена да вози на терен благодарение на масивната заштита на долниот дел на каросеријата и на моторот.

opel-insignia-crossf-1-2012-1

Оваа напумпана верзија на Opel Insignia, место наставката Sports Tourer ќе ја носи наставката Crossfour и ќе на пазарот ќе биде директен конкурент на Audi A4 Allroad и на неодамна најавениот Volkswagen Passat Alltrack и на Peugeot 508 RXH.

Без оглед на масивната пластична заштита на долниот дел од каросеријата украсена со елементи од четкан алуминиум на праговите и на предниот и задниот браник Insignia Crossfour нема да има повисок клиренс.

Висината од подлогата останува иста, но затоа во стандардната опрема доаѓа активното подвозје FlexRide со адаптибилни амортизери кои при возење надвор од пат ќе стегнат подвозјето.

Под хаубата на Insignia Crossfour ќе работи само 2.0 литарскиот турбо дизел со моќност од 165 и 195 КС. Погонот ќе биде на четири тркала, а менувачите и мануелениот и автоматскиот ќе имаат шест степени на пренос.

Се очекува наскоро Opel и официјално да ја претстави Insignia Crossfour чија цена во Германија ќе стартува од 35.155 евра, додека за најопремената верзија ќе треба да се издвојат 37.971 евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook