Get Adobe Flash player
Opel ја најавува новата Astra
09.09.2008
opel-astra-najava-1.jpgOpel официјално соопшти дека новата генерација на Astra ќе доживее светската премиера на салонот во Франкфурт 2009 и воедно пушти патка за да го задржат интересот на јавноста.

Со прикажување на линијата на профилот на автомобилот од Opel наговестуваат дека како инспирација во цртањето на контурите на новата Astra послужила поголемата Insignia.

Во Opel не сокриваат дека поголем дел од технологиите претставени во Insignia ќе бидат имплементирани и кај Astra, една од нив е Opel Eye систем кој ги чита сообраќајните знаци и му ги прикажува на возачот, а воедно предупредува при напуштање на коловозната лента.

Новата генерација на Astra ќе има и адаптибилни предни светла кои во зависност од условите на возење можат да имаат девет различни позиции за интензитетот на светлината.

Флуидните линии на каросеријата ќе продолжат и во внатрешноста. Арматурата ќе се спојува со панелите на вратите формирајќи на тој начин една целина. Во кабината и багажникот ќе има доволно место за превоз на пет возрасни патници и нивниот багаж.

Новата Astra е исклучително важен модел како за Opel така и за General Motors. Затоа покрај настапот во Европа, под логото на Saturn ќе се продава во Северна Америка, а под беџот на Holden во Австралија.

Сеуште нема најава дали Astra во некаков облик или под чиво име ќе се продава и на пазарите во Азија.

Поставена е врз новата платфрома на GM, наречена Delta FWDForward Wheel Drive или погон на предни тркала, и истата ја дели со новиот Chevrolet Cruze наследникот на Lacetti.

Следејќи го примерот на актуелниот модел покрај хечбек со пет врати новата Astra ќе се нуди и како хечбек со три врати, комби, седан и купе-кабрио.


 

 

 

Facebook