Според истражувањето кое го спроведе германскиот магазин Auto
Bild и добиените резултати, Opel e прогласен за најдобриот европски производител на
автомобили.
Во своето истржување Auto Bild опфатил 22
автомобилски марки и врз основа на добиените резултати објави
извештај за квалитетот на автомобилите, односно нивните производители за 2008.
Подеднакво како и во 2005 и 2006, Opel доби
најдобри оценки во сферата на доверливоста, долгорочниот квалитет и задоволството
на купувачите.
За да се постигне еден ваков резултат потребен е
долгорочен напредок на повеќе полиња наведува Auto Bild.
Извештајот се однесува на возила со просечна старост меѓу 3 и 7 години.
Врз основа на резултатите од истражувањето кое опфатило 24.000
сопственици на автомобили, извештајот за квалитет за 2008 ги рангира
автомобилските марки според следниве ставки: гарантни
услови (Opel дава гаранција на нови автомобили од 6 години,
стартувајќи од јануари 2008), резултати од извештајот на TUV, жалби и
повици што пристигнале во Auto Bild, куси и долгорочни тестови спроведени од страна на
редакцијата на Auto Bild.
Германскиот магазин изразил и низа пофалби за Astra
1.9 CDTI дури и после 200.000 поминати километри. Затоа според нив насловот Најдобар европски производител е и повеќе од заслужен за Opel, кога ќе
се земат предвид резултатите што ги има Astra.
Во Auto Bild наведуваат дека Astra
OPC 2.0 Turbo со мотор кој испорачува 240 коњски сили освоила
највисоки оцени како спортски автомобил после минати 100.000 km.
„Немаше проблем којшто може да и наштети на Astra
OPC. Ваков успех не е забележан во историјата на тестирањата на Auti
Bild”, заклучува германскиот неделник.
|