|
Од Opel пристигнува информацијата дека претходната генерација на Astra нема да биде повлечена од пазарот во Европа. Opel останува верен на традицијата и го остава на пазар дури и нејзиниот претходник.

Согласно традицијата Opel ќе ја нуди претходниот модел на својот компакт под името Astra Classic во ограничена понуда во поглед на моторите и на нивоата на опременост.
Оpel Astra Classic ќе се нуди со бензинскиот 1.4 литарец со мануелен менувач со пет степени на пренос и просечна потрошувачка од 6,1 L/100 km. Вториот мотор е турбо дизелот од 1.7 литри кој во просек троши 5,0 L/100 km.
Сериски доаѓа со 4 воздушни перници, бројач на вртежи, подготовка за радио, електрика на предни стакла и слично. Се нуди и едно повисоко ниво кое доаѓа под познатото име Essentia и тука се добива клима уред, аудио систем, кожа на волан и рачка од менувач, електрика на стакла и претровизори итн.
Opel ја нуди Astra Classic во две каросериски изведби како хечбек со пет врати и комби верзијата. Цената на бензинецот со основното ниво на опрема во Европа би требало да стартува од околу 12.000 евра.
Секако во понудата на Opel останува и претходникот на претходникот, односно моделот којшто до сега се водеше под името Astra Classic, а сега се нуди под името Astra Classic III. Препознавате станува збор за Astra H.
|