|
21.05.2007 |
General Motors ќе почне да произведува компактен теренец од 2010 година во Антверпен, кој исто како близнаците Antara и Captiva ќе се продава под марките Opel и Chervrolet.
Претседателот на работниот одбор на Opel, Клаус Франц изјави во неделата за весникот Automobilwoche дека „во Антверпен ќе се произведува спортски теренец помал од Antara”. General Motors гарантира дека двете верзии на теренецот, едната со знак на Opel, другата на Chevrolet, ќе се произведуваат во 120.000 примероци годишно.
Како основа на новото возило ќе послужи продолжена платформа од Opel Corsa. Ќе се продаваат две моделски изведби на теренецот, едната со преден погон, другата со потон на сите тркала.
|