|
08.05.2007 |
Моделите Signum и Tigra повеќе нема да излегуваат од фабричките хали. Шефот Форстер веќе решил да го укине Signum поради спабиот успех, а и двоседот Tigra е пред крај.
Младешкиот автомобил со преклоплив метален покрив во 2006 година забележа за 60 проценти пониска продажба отколку во претходната година, односно лани се продадоа само 15.500 примероци од Tiugra. Од моделот Signum, Opel во 2006 продаде само 8.000 парчиња. Разграничувањето на овој модел од познатата Vectra не беше доволно изразено и Signum не успеа да се докаже во премиум сегментот со приспособливата внатрешност, каде што сакаше да се бори против Audi, BMW и Mercedes.
Неодамна Opel најави нов модел од вишата средна класа кој забележливо ќе се постави над класичните лимузини од ковот на серијата 5 или класата Е. Но, варијабилниот концепт од Signum веројатно ќе се задржи.
Tigra во моментов се произведува во француската каросериска работилница Heuliez, но продажните статистики не изгледаат сјајно. „Место Tigra потребен ни е кабриолет со четири седишта на база на Corsa, нешто како Corsa CC, за да не му дозволиме на Peugeot да владее во сегментот”, изјавува шефот на работниот совет Клаус Франц. Неговиот предлог е да се произведува четирисед како дериват од Tigra, во фабриките на Corsa, односно во Ајзенах и Сарагоса.
|