|
21.05.2008 |
Ниту Opel не останува имун на маркетиншкиот потег што го нуди
појавувањето на трката на издржливост 24 часа Нирбургринг и затоа во клинч ја
става Astra OPC.
Се чини дека годинава германските производители кои ќе
настапуваат на 24 часа Нирбургринг како по договор ги бојат своите автомобили
во сино, па дури може да се каже дека санува збор за иста нијанса.
Но, тоа и не е толку важно. Важно е кој ќе победи на исцрпувачката
трка. За настап во Нирбургринг Opel го доработува перформансниот модел на Astra кој
сериските 237 коњски сили ги става настрана и најавува здрави 300 коњи кои ги
испорачува 2.0 литарскиот турбо бензинец.
На стартот ќе се појават два идентични автомобили доработени
и подготвени за на трка од долгогодишниот партнер Opel во
мотоспортот на Kissling Motorsport.
Зад воланот ќе се најдат неколку новајлии во мотоспортот
предводени од две големи тркачки имиња, победници на 24 часа Леман и амбасадори
на Opel, Мануел и Јоаким Ројтер.
Astra OPC на Нирбургринг ќе се фати во костец со VW
Scirocco, а покрај него веќе ги најавивме и Lexus LF-A и Audi
R8.
|