Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Оpel станува премиум марка
04.08.2011

Голема е веројатноста во иднина Opel да произведува полуксузни автомобили кои ќе го зафаќаат премиум сегментот со цел да се направи квалитативна разлика во однос на сестринскиот Chevrolet.

opel-ampera-1-2011-1

Ова е планот на европското одделение на General Motors наведува неговиот шеф Ник Рајли. Според Рајли во последните 18 месеци Chevrolet претстави неколку нови модели кои можат да им конкурираат на моделите на Opel.

„Нема сомневање дека Chevrolet произведува се поквалитетни автомобили и затоа нема да биде чудно доколку моделите на Opel го испратиме во дргу пазарен сегмент,” вели Рајли.

„Секако тоа нема да се случи преку ноќ бидејќи постепено треба да се совладуваат пречките и да се победува конкуренцијата со прикажување на нови технички решенија.”

Chevrolet е американска марка која со ценовната поставеност цели под средното рамниште меѓу автомобилите. Додека кај Opel состојбата е поинаква и реномето и ценовната поставеност се над средното рамниште,” заклучува Рајли.

Иако General Motors сака дополнително да ги одвои двете марки истражувањата велат дека во моментот едвај 1,5% од клиентите на Opel и Vauxhall размислуваат за моделита на Chevrolet како алтернатива.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook