|
04.06.2008 |
Експертите за маркетинг во General Motors одлучија да
го откријат најважниот дел од ентериерот на Insignia во очекување на нејзината светска премиера која е закажана за идниот месец.
Фотографиите всушност се од британската верзија на
Insignia со логото на Vauxhall и конечно ни
откриваат како ќе изгледа арматурата, каде преовладува црна и сива боја,
инструментите и централната конзола.
Забележливи се деталите од пијано црна пластика и четкан алуминиум.
Светлото за инструментите го обезбедува една светилка и од она што може да се
забележи на фотографиите тие светат црвено, но ова се случува само кога ќе се
притисне копчето Sport. Нормално инструментите светат во бело боја.
За да обезбедат што повеќе простор дизајнерите одлучиле
да ја закосат централната конзола за 30 степени за да се обезбеди пофлуидна
визуелна целина со арматурата, а отстранета е и рачната сопирачка. Insignia место
класична има елктронска рачна сопирачка.
Со цел постојано да ја скокоткаат публиката и да ја
подгреваат атмосферата пред светската премиера, покрај фотографиите од
ентериерот претставени се и нови фотоси од целиот автомобил, нормално со знакот
на Vauxhall за да одговара.
|