|
10.05.2007 |
На International Engine Award of the Year 2007, познат како Оскар за мотори, BMW го понесе трофејот во седум од дванаесет категории. Другите се VW, Toyota и Porsche.
Бензинецот со двојно натполнење во 335i однесе три награди во еден потег. Тој е прогласен за најдобар мотор на годината, најдобар нов мотор и за најдобар мотор меѓу 2,5 и 3,0 литри.
Насловот на најекономичен мотор го понесе 1,5-литарскиот хибриден погон во Toyota Prius. Најдобар спортски мотор е V10 на BMW од моделот М5, кој освои и титула за најдобар мотор со зафатнина од преку 4,0 литри.
Во оценувањето за помалите мотори со зафатнина под еден литар титулата ја понесе моторот на Toyota кој се вградува во Aygo, но и во Citroen C1 и Peugeot 107. Меѓу 1,0 и 1,4 литри трофејот отиде кај VW за моторот 1.4 TSI, а меѓу 1,4 и 1.8 литри најдобар се покажа 1,6-литарскиот турбомотор развиен од BMW и PSA Peugeot Citroen, вградуван во Mini и во Peugeot 207.
Во класата меѓу 1,9 и два литри титулата отиде кај моторот 2.0 TFSI од концернот VW. Добитници на оскар во категоријата од два до 2,5 литри е шестцилиндарецот од 2,5 литри на BMW. Најдобар во сегментот меѓу три и четири литри е турбомоторот од Porsche Turbo.
Наградите за најдобри мотори ги доделува магазинот Engine Technology International. Во изборот учествуваат 62 водечки автомобилски новинари од 30 држави.
|