Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Осумстепен автоматски менувач од ZF
03.05.2007
17137ZF претстави нова генерација на автоматски менувачи за автомобили со осум степени. Новиот менувач за прв пат ќе се вгради во Lexus LS 460. Заштедата во споредба со стариот 6-степен менувач е шест проценти.


Пониската потрошувачка е посигната со новиот концепт на менувачот. Осумстепениот автоматик пренесува и поголема силина во споредба со претходникот, но не зафаќа повеќе простор и не е составен од повеќе компоненти. Во споредба со шетстепениот автоматски менувач кој претежно се користи денес, заштедата во потрошувачката изнесува 14 проценти.

Основа на новата генерација автоматски менувачи е комплетно новиот концепт со четири планетарни парови запченици и со пет елементи за промена на степен. Бидејќи во секој степен се отворени само два елемента за промена на степен, внатрешните загуби во менувачот се значително намалени. Покрај тоа што е зголемена ефикасноста, овој концепт има и подолг краен преносен однос. Поволно врз потрошувачката влијаат и модерните торзиски придушувачки системи во претворачот на вртежниот момент, кои уште во 6-степениот менувач претставен лани се грижеа за брзо премостување на спојката на претворачот.

Инженерите размислуваа и на можноста менувачот да се користи во хибридните погонски системи во иднина. За нив ZF нуди можност да се реализира микрохибрид со стартер-генератор или пак комплетен хибрид.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook