Бразилскиот огранок на Fiat ја
претстави модернизираната верзија на својот најпродаван модел Palio. На
автомобилот му е дадена нова свежина доволно за да остане на врвот.
Palio заедно со Uno се на списокот на најпродавани автомобили во Бразил, a Fiat сака состојбата да остане непроменета. Направените измени на Palio се однесуваат на дизајнот внатре и
надвор, но и на механиката, па така автомобилот сега гледан однапред повеќе
потсетува на Fiat Linea.
Напред се забележуваат нови светла, нова маска - a la
Linea, и нов браник. Назад исто така се направени големи измени. Задниот браник
е целосно нов, а нови се и задните светла.
Под хаубата работи освежениот бензинец од 1.0 литри кој
сега остварува 73 коњски сили. Понатаму следи поголемиот бензинец од 1.4 Flex со моќност
од 85 коњски сили. Овој мотор е многу популарен во Бразил бидејќи може да вози
и на етанол.
Најмоќниот мотор што се вградува во Рalio е 1.8 Flex кој
остварува моќност од максимални 112 коњски сили. Тој исто како и 1.4 Flex работи и
на бензин и на етанол или Е85.
Моторите снагата на предните тркала ја пренесуваат преку
пет степен мануелен менувач.
Покрај механиката и дизајнот освежениот Palio
профитира и од побогата опрема. Во поопремените верзии сега можат да се
сретнат електрика на стакла, клима уред, радио со CD и MP3, Bluetooth,
влез за USB и за iPod.
Бразилците ќе можат да се одлучат и за Palio во
спортска варијанта која ќе ја носи ознаката R. Неа ја
задвижува 1.8 Flex со непроменета моќност, но затоа направени се измени во
подвозјето кое сега е постегнато.
Доволно за даму овозможи на сопственикот со
бензин во крвта безгрижно бришкање по пат полн свијоци.
|