Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Отфрлена тужбата на Калифорнија
21.09.2007
los-angeles-smogТужбата што Калифорнија ја покрена против шест производители одговорни за нанесување штета на државата и предизвикување ефект на стаклена градина е одбиена од сојузниот суд.

Но, како и секогаш постои можност за жалба.

Шесте производители штo ги тужеше Калифорнија се Ford, GM, Toyota и Северно американските филијали на DaimlerChrysler, Honda и Nissan.

Сојузниот судија, Мартин Џенкинс ја отфрли тужбата со објаснување дека и доколку шесте марки се одговорни за загадување и предизвикување на ефект на стаклена граница, нема начин прецизно да се утврди колкав е нивниот удел во загадувањето и до која мера тие се одговорни за несаканите последици кои ги трпи планетата земја.

И како што може да ви каже секој студент од прва година на правен факултет без докази за нанесената штета не може да има случај.

Судијата дури отишол до таму што навел дека проблемот е во легислативите, а не во убедувањето кај судиите, за да се одреди дали производителите на автомобили се одговорни за глобалното затоплување. 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook