Get Adobe Flash player

Откриен концептот Audi A1 Metroproject Quattro
19.10.2007
audi-a1-metroproject-quattrAudi порано ги објави фотографиите за својот восхитувачки нов концепт А1 кој ќе биде прикажан на салонот во Токио. Официјалното име на концептот на Audi е А1 Metroproject Quattro.

Овој мал автомобил на Audi со својот мажествен лик и иновативен дизајн е создаден за да биде директен ривал на Mini Cooper.

Со кров како кај купе и алуминиумски арки кои патуваат по целата должина на кровот му даваат агресивна нота, додека заштитниот знак на Audi, големата предна маска, служи за да го надополни лутиот лик.

Под хаубата мрмори 1.4 литарскиот TFSI кој остварува 150 КС и истите ги пренесува до предните тркала преку S-Tronic менувач со две спојки.

Многу поинтересен од примарниот погон е електро моторот поставен на задната оска кој на задните тркала испорачува вртежен момент од дополнителни 200 Nm и моќност од 41 КС.

А1 е вистински plug-in хибрид чив електро мотор е во состојба сам да го задвижува возилото произведувајќи нула емисија на издувни гасови во урбани средини.

Капацитетот на литиум-јонските батерии му дозволува на Metroproject да мине дистанца од 100 километри само на електрика, а батериите можат да се дополнат од било кој штекер. Единствената негативна зебелешка се дополнителните 70 килограми што А1 мора ди ги вози со себе.

А1 профитира и од други технологии како што е системот старт/стоп и регенерација на енергијата при сопирање што му помага да ја смали потрошувачката за дополнителни 15 проценти.

И покрај ова перформансите остануваат пристојни со забрзување до темпо 100 за 7,8 секунди и максимална брзина од 201 km/h. Со вакви перформанси на концептот му се потребни во просек 4,9 литри за секои 100 изминати километри додека емисијата на СО2 во просек изнесува 112 g/km.

Од надвор A1 користи светлечки диоди и светла за возење дење, но мала е веројатноста дека токму овие светла ќе влезат во серија. Во должина А1 мери 3,91 метри, широк е 1,75 метри,а меѓуоскиното растојание изнесува 2,46 метри. И покрај малите димензии внатре удобно седат четворица возрасни патници кои имаат на располагање пристојни 240 литри за својот багаж.

За А1 во Audi не штеделе кога се во прашање возните својства. А1 ги добива најновите амортизери magnetic ride кои се последен крик на технологијата и кои во моментов се користат само за ТТ и за R8.

Предните сопирачки имаат вентилирани дискови со пречник од 312 милиметри сокриени во леснометални бандажи од 18 инчи обуени во соодветни гуми со димензии 225/35.

 

 
Get Adobe Flash player