Get Adobe Flash player
Откриен Lamborghini Reventon Roadster
22.09.2009
lamborghini-reventon-roadster-1.jpgПретставувањето на суперспортскиот родстер на Lamborghini во Франкфурт беше окарактеризирано како суперпремиера на еден од највозбудливите и најскапите автомобили на денешницата.

Првпат екстравагантниот дизајн Lamborghini го претстави на купето Reventon кое ја фасцинираше светската автомобилска сцена. Reventon Roadster ги следи дизајнерските смерници и секако ќе биде произведен во лимитирана серија.

Покрај отворениот кров Reventon Roadster од Reventon се разликува и по значително поголемата моќност 670 КС кои доаѓаат од моторот на Murcielago LP670-4 SuperVeloce наспроти 650 КС од V12 земен на заем од Murcielago LP640.

Но, повеќето коњски сили не му овозможуваат на родстертот во максималната брзина да го надмине купето. Reventon Roadster бележи максимални 330 km/h, додека купето гарантира преку 340 km/h. Затоа пак спринтот до темпо 100 е идентичен 3,4 секунди.

Ова покрај нарушената аеродинамика се должи на малку повисоката тежина од 1.690 kg или плус 25 kg заради дополнителните зајакнувања на шасијата. Сепак, шасијата на Reventon е толку ригидна што на родстерот му биле потребни само мали интервенции за да ја постигне соодветната торзиона цврстина.

Постојаниот погон на четири тркала го распределува вртежниот момент од 42% на предна оска и 58% на задна оска. Reventon Roadster стои на леснометални бандажи од 19 инчи обуени во гуми 245/35 напред и 335/30 назад.

Дизајнот на леснометалните бандажи овозможува ефект на вантилатор кој го одвлекува врелиот воздух ладејќи ги огромните сопирачки дискови, а нивната црна боја соодејствува со уникатната мат сива боја која e специајлно создадена за Reventon Roadster и се разликува од онаа на Reventon.

Цената вистинска ситница 1.1 милиони евра. Испораките на едицијата од помалку од 20 примероци стартуваат во октомври. Во Lamborghini молчат, но најверојатно целата едиција е веќе продадена.

 

 

 

 

Facebook