|
02.11.2007 |
Најновиот модел на Maybach е
претставен пред своето деби на претстоечкиот салон на автомобили во Дубаи кој
треба да се одржи за две седмици.
Автомобилот и нова полукабриолет верзија на лимузината
62, а официјалните лице сеуште го нарекуваат концепт, но во план е, иако сеуште
не е потврдено, лимитирана серија од само 20 примероци за на пролет во 2008.
Новиот модел е базиран на продолжената лимузина Maybach
62 и има мек кров врз задниот дел од автомобилот кој се отвора/затвора со лизгање.
Дизјанот наречен Landaulet беше толку популарен во првата половина на минатиот век,
а се работи за класична лимузина со платнен кров межу носачите кој може да се
склопува.
Maybach 62 Landaulet покрај склопливиот
платнен кров нуди и изменета внатрешност, а најголемата новина е стаклото кое
ги дели возачот од патниците кое по потреба се отвора и се затвора.
Моќноста доаѓа од истиот V12 со 612
коњски сили кого го дели со лимузината.
Станува збор за информација кој случајно протекла па
затоа сеуште нема детали за автомобилот. Сепак, бидете на потстрек бидејќи
официјалните информации следат наскоро.
|