|
Објавени се првите фотографии и дел од најважните информации за новата генерација на кабриолетот на Mercedes создаден на основата на Класа Е Coupe претставен на затворена презентација.

Зад приказната на ова неочекувано појавување на новиот кабриолет на Класа Е стои одделот за маркетинг на Mercedes кој смета дека светот, читајте клиентите, треба на време да се информираат за искулучителните аеродинамички карактеристики на автомобилот.
Во средина на настанот се сокрива новиот дефлектор на воздух поставен во горниот дел на предното стакло чива задача е при возење да го пренасочува воздухот да струи 20 cm над кабриолетот.
Дефлекторот е наречен AirСap и неговата функција е ефикасно да ги штити главите на патниците од непријатното струење на воздухот при брзини до максимални 250 km/h.
AirСap при брзини до 160 km/h стои издигнат над предното стакло, а го активира возачот. При брзини поголеми од 160 km/h AirСap автоматски се спушта во рамнина со предното стакло, но и тогаш штити се до наведената брзина од 250 km/h.
Томму заради AirСap во Mercedes истакнуваат дека новиот кабриолет на Класа Е е првиот кабриолет на светот кој без оглед на годишните времиња во тек на цела година може да превезува четири патници со товорен кров. Секако доколку не врне и не снежи.
За да се дојде до саканата ефикасност на AirСap минати се преку 2.000 часови испитување во аеродинамичен тунел. Иако наизглед личи дека се работи за едноставен систем, сепак не е така.
Aitcap е составен од вкупно 211 различни делови, а за исработка се користени 44 различни видови на материјали за да се добие саканата ефикасност и издржливост која ја докажуваат бројните тестирања во екстремни услови.
Долгите часови минати во воздушен тунел условиле Mercedes Е Класа Cabrio да има прилично низок коефициент на аероднимика чив индекс изнесува Cd 0,28. Колку за споредба купето на Е Класа има аеродинамичен коефициент Cd 0,24.
Од Mercedes истакнуваат дека со отворањето на AirСap аеродинамиката на кабриото се влошува, но тоа е несаканиот ефект што мора да постои за да се заштитат патниците.
Голема предност е што системот AirСap ќе се вградува сериски во сите верзии на Е Класа кабрио, додека системот AirScarf, или воздушен шал, кој насочува топол воздух околу вратот на патниците ќе се порачува дополнително.
Под хауба ќе работата истите мотори како и кај седанот на Е класа и Е Класа Coupе. Продажбата стартува на пролет 2010 кога ќе бидат објавени и цените.
|