|
25.02.2008 |
Толку. Повеќе нема ниту скици, ниту цртежи. Ова е она
вистинsкото што до сега се сокриваше зад името Mitsubishi
Lancer Prototype-S. Иако најавен за Женева, Prototype-S го
откриваме многу порано.
Официјалните фотографии производителот одлучи да им ги
прикаже на светската јавност на она што е безмалку автомобил подготвен за во
серија. Секако треба да се очекуваат мали измени во надворешниот облик пред Prototype-S да стигне
до купувачите.
А тоа ќе се случи подоцна годинава и според очекувањата
ќе сочинува околу 70 проценти од вкупната продажба на Lancer во Европа.
Mitsubishi Lancer Prototype-S е т.н. лифтбек
верзија со задна клупа која може да се соборува со што се зголемува
варијабилноста, а воедно е задржан спортскиот имиџ.
Како што беше најавено претходно под хаубата лежи 2.0
литарскиот турбо од Lancer Evo кој остварува 240 КС, а моќноста
до сите четири тркала се пренесува преку менувачот на Mitsubishi, SST и активен
средишен диференцијал.

|